„Реконструкција на пат од река Треска до градски гробишта во Македонски Брод“

Воспоставување на Mеханизам за жалби и поплаки во врска со проектот „Реконструкција на пат од река Треска до градски гробишта во Македонски Брод“

Ве известуваме дека во тек е реализација на Проектот: „Реконструкција на пат од мост на река Треска до градски гробишта во Македонски Брод“ како потпроект на Проектот за поврзување на локални патишта ЕИП – Проекти од Светска Банка (LRCP-9034-MK-RFB-A.2.1.1 – Тендер 1 – Дел 4), чиј изведувач на работите е ГД Гранит АД Скопје a Надзорен орган: ГЕИНГ Крепс унд Киефер Интернешнл ДОО Скопје.

Општина Македонски Брод како иден корисник на проектот воспоставува процедура на Механизам за жалби и поплаки, кој им овозможува на засегнатите лица да поднесат жалби и поплаки во врска со директни и индиректни влијанија од Проектот, без надомест и со гаранција за навремено и задолжително решавање на жалбите и поплаките. Засегнатите страни можат и треба да реагираат до претставници на Изведувачот, Надзорот, а доколку не се изнајде соодветно решение, тие можат да се обратат до Инвеститорот: Министерство за транспорт и врски.

            Процедурата на Механизмот за жалби и поплаки треба да се користи во случај на повреда на правата на сопственост или нивно загрозување од аспект на безбедност а во сообраќајот,нарушување на кодексот на однесување на ангажираните работници кон локалното население или појава на одредени негативни влијанија врз медиумите на животната средина.

     `      Постапката за активирање на Механизмот за жалби и поплаки е преку пополнување на печатен образец кој ќе биде достапен во сите јавни објекти каде се движи локалното население (на влезот во зградата на општината, канцеларии на Надзорниот орган и канцеларии на Изведувачот), како и на веб страната на Општина Македонски Брод.

            Поднесувањето на образецот може да се изврши во кутијата за жалби и поплаки на влезот во општинската зграда или електронски на мејл адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Формуларот за поплаки можете да го превземете ТУКА.

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Печати   Е-пошта