Известување од ЈП Македонија пат - Подружница Македонски Брод

       ЈП Македонија пат - Подружница Македонски Брод ги повикува сопствениците на парцели кои се наоѓаат во непосредна близина до регионалниот пат Р 1106 Македонски Брод - Самоков и кои имаат засадено дрвени садници на тие парцели, да ги отстранат гранките кои се надвиснати над самиот пат и по должината на патот од лева и десна страна во ширина од 2 (два) метри во заштитниот појас на патот. Во спротивно ЈП Македонија пат - Подружница Македонски Брод со свои расположливи средства и согласно законските прописи и надлежности ќе изврши нивно отстранување.

Печати