Соопштение за дератизација

       Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести донесена од Советот на општината, Општина Македонски Брод го издава следното

СООПШТЕНИЕ

        Се информира населението дека на ден 30.09.2022 година (петок), екипа на ДООЕЛ ПЛАНТ МЕДИКА од Куманово ќе спроведе активности на теренот, односно на територијата на градот Македонски Брод, во смисла на спроведување на превентивна системска дератизација т.е. поставување на отровни мамци за уништување на глодари (глувци).

             Со почит,               

             Општина Македонски Брод


Печати   Е-пошта