Почитувани граѓани,
Општина Македонски Брод го започна процесот за креирање на Буџетот на Општина Македонски Брод за 2025 година.
Со цел обезбедување на инклузивност, партиципативност и транспарентност на процесот, Ве повикуваме сите заинтересирани граѓани, правни лица, здруженија на граѓани, урбани и месни заедници, со свои идеи, предлози и проекти кои се од општествено значење и кои сметате дека се во насока на подобрување на општинските услуги, да земете активно учество во креирањето на истиот.
Комплетниот јавен повик можете да го погледнете на следниот ЛИНК.