Министерството за животна средина и просторно планирање организира јавна расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот – “Инсталација за реупотреба, обновување и рециклирање на литиум – јонски батерии“ во општина Македонски Брод, за потребите на инвеститорот “Друштво за управување со отпадна електрична и електронска опрема „ПОЛБЛУМЕ -ПОМ“ ДОО с. Челопек – Брвеница,подружница „ПОЛБЛУМЕ – ПОМ“.

Јавната расправа ќе се одржи на 15 октомври 2024 година (вторник) во Сала на совет во општина Македонски Брод со почеток во 11:30 часот.

Поканата може да ја преземете ОВДЕ.