Надлежности на градоначалникот

1. Ја претставува и застапува општината;

2. Ја контролира законитоста на прописите на советот;

3. Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;

4. Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот;

 5. Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината;

6. Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;

7. Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;

8. Го извршува буџетот на општината;

9. Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;

10. Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;

11. Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;

12. Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;

13. Раководи со општинската администрација;

14. Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;

15. Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и

16. Врши други работи утврдени со закон и со статутот.