Денес, Градоначалникот на Општина Македонски Брод Жарко Ристески оствари работна средба со Директорот на ЈПУЗПП „Јасен” г-дин Ангеле Сотировски.
На самата средба разменија мислења околу предизвиците со кои се соочуваме кои во иднина би имале заедничко дејствување и соработка во делот на заштита на животната средина.
Му се заблагодаруваме на директорот за довербата кон Општина Македонски Брод и ТППЕ М.Брод.