Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/02) и согласно член 19 став 2 од Статутот на Општина Македонски Брод („Службен гласник на Општина Македонски Брод) бр.2/03, 1/06, 1/11, 11/14, 1/15, 5/19 и 13/22), Претседателот на Советот на Општина Македонски Брод, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на четириесет и првата (41) седница на Советот на Општина Македонски Брод.
Ја свикувам четириесет и првата (41) седница на Советот на Општина Македонски Брод. Седницата ќе се одржи на ден 30.09.2024 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот.
За седница го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
– разгледување на записникот од 39 – та и 40 – та седница
Т1. Предлог – Одлука за примање на донација материјално добро – за собирање на електронски и електричен отпад од ДУО НУЛТА ОТПАД ДОО Скопје;
Т2. Предлог – Одлука за формирање на Совет за заштита на потрошувачи на Општина Македонски Брод;
Т3.Предлог – Одлука за давање согласност за склучување на спогодба во врска со предмет бр. 18-679/1 од 10.09.2024 година;
Т4. Предлог – Одлука за давање согласност за склучување на спогодба во врска со предмет бр. 18-701/1 од 16.09.2024 година;
Т5.Поднесени барања од правни и физички лица до Советот на Општина Македонски Брод
ПРЕДЛОЗИ И ПРАШАЊА
Седницата ќе се одржи во салата за состаноци во зградата на Општина Македонски Брод.
Бр.18 – 719/1
23.09.2024 година
Совет на Општина Македонски Брод
Претседател,
Марјан Алампиоски с.р.