Традиционалниот ноќен турнир во мал фудбал “Македонски Брод ’98” штотуку започна оваа вечер по предвидениот распоред на натпреварите помеѓу екипите за првата вечер.
Турнирот го отвори Градоначалникот Жарко Ристески, кој им посака успех на екипите учеснички, порача да продолжи да се развива спортскиот дух кај младите и на крај, спортот нека биде победник!