Донесен е Буџетот на Општина Македонски Брод за 2024 година

        На седницата на Советот на Општина Македонски Брод одржана на ден 26.12.2023 година е донесен Буџетот на Општина Македонски Брод за 2024 година.

        Буџетот на Општина Македонски Брод за 2024 година изнесува 236.369.396,00 денари и се состои од:

- Основен Буџет - 111.534.596,00 денари

- Буџет на самофинансирачки активности - 5.887.000,00 денари

- Буџет на дотации - 111.394.800,00 денари

- Буџет на донации - 7.553.000,00 денари.

       Приходите во износ од 236.369.396,00 денари се распределени по намени во соодветни буџетски програми, во кои се планирани расходите во износ од 236.369.396,00 денари.

 

       Структура на приходи во основниот буџет:

- Сопствени приходи - 36.498.000,00 денари

- Трансфери од други нивоа на власт - 2.507.699,00 денари 

- Дотација на општината од ДДВ - 43.074.979,00 денари 

- Пренесен вишок на приходи од претходна година - 29.453.918,00 денари (1.613.918,00 денари - салдо од наменска сметка за патишта, 12.840.000,00 денари - проектирано салдо на буџетска сметка на 31.12.2023 година и 15.000.000,00 денари - средства добиени со Одлука на Влада на РСМ, од Министерство за транспорт и врски за проектот, Реконструкција на улица „Кирил и Методиј“ (со краци) во должина од 870 м).

       Комплетното известување во врска со донесениот буџет за 2024 година можете да го погледнете на следниот ЛИНК.


Print   Email